Зафир Хаџиманов со грозјето и виното од своето Кавадарци им се враќа на корените

145

На далеку познатиот Зафир Хаџиманов потекнува од далеку познатото Кавадарци од каде што потекнуваат и најдобрите вина од најдоброто грозје. А, тој и неговите песни се токму такви како и виното. Колку постари – тоа послушани. Зафир кој живее во Белград со семејството, секогаш им се враќа на корените, во родниот кавадаречки крај каде што со грозјето и виното поминува еден дел од летото, далеку од зовриен белградски асфалт. Тука во Македонија, меѓу грозјето и виното, во Кавадарци наоѓа инспирација и за нови песни, а наоѓа и време да се пошегува, да се одмори, да се види со своите најсакани луѓе од младоста. Во виното е вистинита, токму како во песната. Пиј и пеј Зафир, а би можел да ти се придружи и синот Васил, кој името го носи по дедото, таткото на Зафир, момчето кое денес е успешен и баран џез-музичар низ светот. Д.М.