Поради труење со храна 12 лица,повеќето деца, побарале лекарска помош во прилепската болница. Тие се пожалиле на болки во стомакот и повраќање, по што биле итно третирани.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, д-р Ирина Бухова информира дека уште во тек на вчерасниот ден, нивните инспектори заедно со инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство и епидемиолог и техничари од Центарот за јавно здравје-Прилеп изврши вонреден инспекциски надзор во месарницата „Харизма“. Дел од објектот на месарницата кој е наменет за подготовка на производи од месо на скара е затворен со лента од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, откако надлежните се сомневаат дека токму од таму е месото на скара со кое се затруле гости на домашна слава.

-По добиено известување од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Прилеп по добиена пријава за сомневанје за труење со храна (приготвено месо на скара), на 2.август во Инфективно одделение при ЈЗУ ОБ Прилеп се примени во дневна болница 12 лица, со симптоми на труење со храна. При надзорот се земени брисеви од жива и нежива средина и мостра од храна. Дел од објектот кој е наменет за подготовка на производи од месо на скара е затворен и со лента од страна на ДСЗИ. Истиот ќе остане затворен се до добивање на резултати од земениот материјал, посочува директорката на ДСЗИ –информира  Бухова.