Затоа треба да се остане дома: Болницата во Бергамо ги отвори вратите од пеколот /ВИДЕО

6818

Во болницата Папа Јован XXIII во италијанскиот град Бергамо во Ломбардија, секој нов здив е мала победа во борбата против коронавирусот. Сите одделенија во болницата се преполни со кревети. И ходниците. И чекалниците. Пациентите се мачат да дишат преку респиратори.

Болницата ги отвори вратите за Скај Њуз со една единствена цел – сите што не веруваат дека ковид-19 е многу сериозна болест, која бргу се пренесува, да ги видат последиците. Ниеден здравствен ситем не може да го издржи ова, затоа помогнете така што ќе останете дома, порачуваат лекарите од Бергамо.

Извор: Sky News