Овој аспект на небото кој е ретка појава, ќе се одигра на 16 мај.

Според астролозите, на 16 мај на небото нè очекува необичен и редок феномен – затемнување на полната, „крвава“ Месечина.

Наречена е „крвава“, бидејќи полната Месечина добива црвеникава нијанса при овој феномен. Се смета дека ова е најмоќната полна Месечина, односно ја носи целата тежина на својата енергија. Можеме да го почувствуваме нејзиното влијание на физичко, емоционално, ментално и духовно ниво, а ефектите може да траат подолго отколку што очекуваме.

Секое затемнување носи настани кои се неопходни за нашиот духовен раст и развој. Иако овој аспект се смета за симбол на големи предизвици и препреки, секој од нив е таму со причина, нè учи по кој пат треба да тргнеме.

Под влијание на ова затемнување ќе треба да затворите одредено поглавје од вашиот живот. Сè се одвива во мистериозниот знак Скорпија, за да можеме да се повлечеме во себе, подлабоко да го запознаеме нашето внатрешно јас и да сфатиме колку сме автентични, кои се нашите таленти, сили, специјалности…

Познато е дека Скорпијата ја поттикнува трансформацијата, а се поврзува и со енергијата на фениксот, кој има способност и моќ да се издигне од пепелта.

Сега е вистинското време да се повлечете, да бидете малку осамени и да ѕирнете во срцето. Можете да најдете интересни и вредни сознанија кои поттикнуваат духовен раст. Постои шанса да го откриете вашиот пат, да ги оцените вашите односи и ситуации во кои се наоѓате.

Како симбол на крајот, затемнувањето на „крвавата“ Месечина може да нѐ инспирира да се откажеме од нешто, да разбереме дека нешто не е вредно, дека од нешто треба да се ослободиме…

Бидејќи Меркур ќе биде ретрограден истиов период, можеби ќе бидеме збунети како да најдеме начин да напредуваме во нашите животи. Бидете трпеливи и смирете се. Нашиот внатрешен глас секогаш го знае патот и можеме да веруваме дека навреме ќе ги добиеме сите одговори што ни се потребни.

Под ова затемнување ќе се помират и Венера и Хирон. Оваа планетарна комбинација може да донесе вибрации кои ќе ни влијаат како лек за раните од минатото.

Некои рани никогаш не можат да зараснат, но под ова затемнување лежат смирувачки енергии кои можат да не поддржат во потрагата по рамнотежа и сила.

Оваа енергија можеме да ја користиме свесно, поставувајќи си за цел да ставиме крај на сите негативни работи што нѐ мачат со години, негативни мисли, лоши чувства, стравови…

Затемнувањата секогаш нè водат до нашиот следен чекор, па штом ќе ја поставиме нашата намера, следното најдобро нешто што можеме да го направиме е да се препуштиме и да веруваме.

Сега е време да ѕирнете во вашето срце и да откриете што вреди да се чува во него, а од што да се откажете засекогаш.