Затворен дел од новата белоруска нуклеарна централа „Астраветс“

33

Дел од новата нуклеарна централа „Астраветс“ во Белорусија денес беше затворен, и тоа за време на процедурата на тестирање, откако генераторот го активирал системот за заштита.

Британските медиуми пренесуваат дека нивото на радијација во проблематичната зона било нормално.

„Системот за заштита беше активиран за време на пробното индустриско работење на одделот 1, како дел од тестирањето на системот и опремата“, се наведува во соопштението на белоруското Министерство за енергетика, од каде се додаде дека зрачењето во близина на нуклеарната централа било нормално.

Истиот оддел на нуклеарната централа претходно, на 7 ноември, беше затворен поради технички проблеми за време на церемонијата на отворање, на која присуствуваше и претседателот Александар Лукашенко.