Затворени дел од улиците околу Св.Спас во пресрет на чествувањето на Делчев

42

МВР од синоќа воведе посебен режим на сообраќај во Скопје, поради чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев во сабота.

За сообраќај е затворена ул.„Самоилова“, на потегот од ул.„Иљо Војвода“ до крстосницата со ул.„Прохор Пчински“, а на в сабота ќе се спроведе и на ул.„Лазар Личеновски“ и ул.„Самоилова“.

„Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот“, пренесува министерството.