Звукот на сирени одекна во градот Кодиак на Алјаска каде утрово се случи силен земјотрес со јачина од 8,2 степени според Рихтеровата скала.

Сирените го предупредија населението за опасност од цунами и повикаа на нивна евакуација.

Американската геофизичка служба (USGS) објави дека земјотресот се случил во 22.15 часот по локално време (6.15 часот по Гринич), на длабочина од 35 километри.

Земјотресот се случи на околу 91 милји источно-југоисточно од Перивил, Алјаска. Оддалечен е околу 800 километри од Енкориџ, најголемиот град на Алјаска. По тој земјотрес следеа неколку послаби потреси.

На снимките кои се појавија на социјалните мрежи, во делот на крајбрежјето се слушнале сирени кои предупредуваат за опасност од цунами, додека луѓето во колони ги напуштаат домовите.

Овој потрес е шести најсилен потрес во американската историја.