Застрашувачка глетка: Торнадо ги исплаши капачите на плажа на Халкидики/ВИДЕО

421
Фото: ScreenshotIFacebook/Aggeliki Vergi

Застрашувачка глетка ги вознемири капачите денеска на плажа на Халкидики, Грција, кога недалеку од брегот се формира огромно торнадо.

Туристи кои летувале на плажата Паљури на југот на Касандра снимиле огромно торнадо кое ненадејно се формирало недалеку од брегот.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа пијавица со застрашувачка големина.