Населението од мочуришните области во Монтана го преплашила страшна глетка, кога повеќе од 11.000 птици паднале мртви од небото. Експертите велат дека речиси третина од птиците во околината на Големото езеро, угинале или претрпеле големи повреди во текот на невремето, кога ветер дувал со брзина од 112 километри на час.

„Меѓу птиците кои преживеале на езерото, повеќето имаат знаци на повреди, или тешкотии во движењето. Повеќето имаат скршени крилја или повреди на главата и внатрешните органи, вели Џастин По, биолог и експерт за диви животни.

Во подрачјето на Големото езеро во сезона се населуваат птици преселници и птици кои живеат на водени површини, вклучувајќи патки, гуски, корморани, пеликани и галеби.