Застарува делото на Бучковски за „Тенковските делови”

116

На поранешниот премиер Владо Бучковски му застарува делото во предметот „Тенковски делови”, објави викендов Коалицијата за правично судење, која го следеше овој судски процес.

– На денешното рочиште по предметот „Тенковски делови”, јавниот обвинител во завршен збор изврши прецизирање на обвинителен акт, по што настапи застареност на кривичното гонење. Одбраната, сепак, побара да даде завршен збор на следното рочиште кое се закажа за ден 22.11.2019 година во 13:30 часот, соопшти коалицијата за правично судење.

Според обвинението за „Тенковски делови”, Бучковски и поранешниот началник на ГШ на Армијата, Методи Стамболиски, во 2001 година ги злоупотребиле функциите и со нереално барање за набавка на резервни делови за армиските тенкови причиниле штета од речиси 150 милиони денари.