Само 100 милилитри засладени пијалаци дневно можат да го зголемат ризикот од болест за дури 18 проценти, а пакувањата на истите, најчесто се поголеми од 100 милилитри, предупредуваат експертите.

Овие пијалоци особено го зголемуваат ризикот од рак на дојка – за 22 проценти!

Тим од француски истражувачи верува дека шеќерот во овие пијалаци го поттикнува телото да складира повеќе маснотии околу органите како што се црниот дроб и панкреасот, што го зголемува ризикот од карцином.

Виновникот најверојатно е високата содржина на шеќери и адитиви кои ги содржат, покажало истражувањето.

Во студијата учествувале 101.257 возрасни лица, а нивната исхрана и потрошувачка на овие пијалаци ги следеле експерти во период од девет години.

Иако со сигурност не може да се каже, резултатите од студијата покажале дека ограничувањето на внесот на засладени пијалаци може да придонесе за намалување на заболувањата како карциномот.

“Консумацијата на засладени пијалаци е значително поврзана со ризикот од рак”, рекол водечкиот автор на студијата, д-р Бернард Сру од Францускиот национален институт за епидемиологија.