Засилен надзор над Алтернатива за Германија почнува германската разузнавачка служба

52

Германската разузнавачка служба БфВ планира да воспостави засилена контрола над ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД).

Германските весници Шпигел и Тагесшпигел објавија дека БфВ ќе ги испита јавните коменатари на членовите на партијата и нивни врски со екстремистички групи. Тој потег е само еден чекор до ставање на партијата под таен надзор.

БфВ со месеци собирала материјали за Алтернатива за Германија која по изборите во 2017 година стана трета најсилна партија во државата.