Со засилено темпо се извршуваат градежните работи од проектот за реконструкцијата на булеварот „Кочо Рацин“, на потегот од булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ до улицата „Свети Кирил и Методиј“, во должина од 880 метри.
Екипите на терен вчера во вечерните часови го отстрануваа стариот и оштетен коловоз, на потегот од крстосницата со улицата „11 Октомври“ до крстосницата со улицата „Свети Кирил и Методиј“.
Градот Скопје продолжува да го применува истиот принцип на брза и квалитетна работа и реконструкциите на сите улици во текот на оваа градежна сезона ги завршува со рекордно кратки рокови, со цел да го намали сообраќајниот метеж.
Додека траат градежните работи,на булеварот „Кочо Рацин“ е воведен привремен режим на сообраќај.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај.
– Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот, истакнаа од Градот.