Засилени сообраќајни контроли во Кичево, автобуси и други превозни средства упатени на технички преглед

26

На подрачјето на ОВР – Кичево се извршени засилени сообраќајни контроли на автобуси и други моторни возила што вршат јавен превоз на патници. Контролирани се 19 автобуси и други моторни возила што вршат превоз на патници и сите се упатени во станици за технички преглед во градот.

-Кај еден автобус се регистрирани неисправни уреди за запирање, а кај два автобуса недостатоци од друга соодветна опрема поради што се исклучени од сообраќај и возачите се соодветно санкционирани, изјави портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.

Околу 17 часот вчера на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници ги привеле и лишиле од слобода В.Т. (26), А.С. (21) и една малолетничка, сите од Кичево.

-Малолетничката била приведена и лишена од слобода бидејќи кај неа е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира  Димоски.