Засилена дезинфекција на јавните површини во Аеродром

45

Службите на Општина Аеродром продолжуваат со дезинфекција и чистење на јавните површини како една од мерките за заштита од КОВИД-19.

– Денеска беа опфатени Детската улица „Тоше Проески“, патеките, просторот меѓу зградите во Ново Лисиче, јавната површина зад „Три бисери“ и спортските игралишта. Апелираме да останете дома и да ги почитувате препораките од Министерството за здравство – информираат од општина Аеродром.