ЗАСЕГА НЕМА СОМНИТЕЛНИ ОКОЛНОСТИ:Почина пејачот на познатиот британски бенд Продиџи

53

Пејачот на познатиот британски бенд “Продиџи”, Кит Флинт, чиј настап во живо имаше можност да го види и слушне и македонската публика, почина на 49-годишна возраст.

Тој е пронајден мртов вчераутро во својот дом во Данмоу, Есекс, а според полицијата која вршеше увид, првично нема сомнителни околности, со оглед дека на телото не се пронајдени знаци на насилство. Сепак, причините за смртта ќе се знаат по обдукцијата.

Британскиот бенд беше на врвот на својата популарност во 90-тите години на минатиот век. Славата ја постигнаа со песните”Breathe”, “Firestarter”, “Out of space”, “Smack My Bitch Up”, “Voodoo People”…