Засадени 50 садници во образовно – спортската зона Илинден-Марино

30

Над 50 високо растечки декоративни дрвца од повеќе видови денеска во соработка со општествено одговорни компании се засадени во образовно – спортската зона Илинден-Марино

Акцијата се реализираше во рамки на континуираниот проект „Зелена Општина Илинден“, а во следниот период ќе бидат засадени повеќе од 200 разни садници.

Во акцијата учествуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека обврска на секој од нас е активно да работи во подобрување на еколошката свест, тоа е природно добро од општ интерес, а воедно ќе придонесеме да имаме чист воздух и здрава животна средина.

Декоративни дрвца во акцијата „Зелена Општина Илинден“ засадија и учениците од трето одделение при ООУ „Гоце Делчев“ со своите наставници.

Како што информираат од Општина Илинден и во иднина континуирано ќе работат на пошумување и збогатување на шумскиот фонд што претставува продолжување на акцијата „Зелена Општина Илинден“ која има приоритетно место во програмата за работа.