Зариф: Терористички напад во Ница, да го прекинеме маѓепсаниот круг

99

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф остро го осуди нападот со нож во францускиот град Ница, нарекувајќи го „терористички напад“.

Силно го осудуваме денешниот терористички напад во Ница. Оваа ескалација на маѓепсаниот круг на говор на омраза, провокација и насилство мора да биде заменета со здрав разум, напиша Зариф на Твитер.

Шефот на иранската дипломатија се осврна и на силната поддршка на францускиот претседател Емануел Макрон за секуларните закони, со кои се штитат карикатурите на пророкот Мухамед како форма на слобода на изразување.

Треба да признаеме дека радикализмот создава само повеќе радикализам и дека мирот не може да се постигне преку грди провокации, наведе Зариф.

Извор:МИА