Зарем мислите дека играме без пари за Вардар?

98

Проблемите, осбено финансиските на македонскиот ракометен шампион Вардар е нешто за што постојано се интересираат не само медиумите, туку и навивачите.

Поразлично не беше ниту гостувањето на рускиот интернационалец Тимур Дибиров, кој во емисијата „Улица Македонија“ потенцира дека клубот функционира без никакви проблеми и многуте шпекулации за своевиден распад-систем.

  • Воопшто не ги разбирам шпекулациите за пропаѓањето, прашајте ме и ќе ви одговорам. Сè е супер во Вардар, има редовна плата, функционираме беспрекорно. Зарем мислите дека јас, Чупиќ, Карачиќ, Борозан играме без пари, откри Дибиров.

Дибиров, кој некоку години игра во македонскиот шампин со кого ја освои и европската тиула истакан дека беќе се чувствува како Македонец, како и дека и неговите деца се Македонци.

  • Јас сум официјално Македонец, а и моите деца зашто ќерката е тука родена во Скопје. Јас сум горд на тоа, мене не ми треба пасош само за да играм за репрезентацијата, туку за Македонија да биде земјата во која ќе живеам во иднина, заврши Дибиров.