Заради Новак сите изгледаме како будали

337

Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, е напаѓан од политичари, новинари, па и обични навивачи во Австралија, а кон нив се придружија и луѓе од светот на спортот. Прва која го нападна беше поранешниот женски светски тениски рекет број еден Мартина Навратилова, а на неа со задоволство и се приклучи и Грчкиот тенисер Стефанос Циципас.

-Ѓоковиќ направи нешто што повеќето играчи не би го направиле, имал храброст да го направи тоа. Тој дефинитивно игра по свои правила и прави некои работи за кои повеќето играчи не би имале храброст да ги направат. Особено што АТП објави јасни критериуми за влез во земјата. Никогаш не помислив да одам на турнирот невакциниран и да ги прекршувам протоколите. Не секој е расположен да ги следи правилата поставени од државата. Но, Новак го избира својот пат и повеќето од нас не направи да изгледаме како будали, рече Циципас.

Грчкиот тенисер претходно имаше различни изјави за вакцините, а се верува дека примил две дози само за да може да учествува на Австралија опен. Инаку, што се однесува до сопственото здравје, тој не гледаше благонаклоно на вакцинацијата.