epa03082115 Dejected Croatian player Ivano Balic after his team lost the semi final match between Serbia and Croatia at the EHF Handball European Championship 2012 in Belgrade, Serbia, 27 January 2012. EPA/GEORGI LICOVSKI

Легендарниот хрватски ракометар Ивано Балиќ, беше еден од најдобрите средни бекови во историјата на ракометот, а во разговор за „Eurohendbol” se се осврна на неговата богата кариера. Но, како што истакна поранешниот хрватски ракометар, жали што никогаш не ја освоил Лигата на шампионите, за што го „обвинува“ поранешниот голман на македонскиот ракометен шампион Вардар,  Арпад Штербик, кој со „црвено – црните“ два пати го осовјуваше најквалитетното клупско ракометно натпреваеување.

Балиќ мина четири години во редовите на Портланд Сан Антонио и со тимот од Памплона беше најблиску до славниот пехар, но потоа налета на легендарниот Арпад Штербик, кој му го урна сонот за титулата во Лигата на шампионите.

“Портланд Сан Антонио ми даде четири прекрасни години играјќи врвни натпревари во Шпанија и Лигата на шампионите. За жал, никогаш не освоив европски трофеј. Најблиску до тоа дојдов со Портланд. Во сезоната 2004/2005 стигнавме до финалето по завршувањето први во групата и патем ги елиминираше Адемар Леон, Барселона и Веспрем. Во финалето? Сиудад Реал со врвен тим, вклучувајќи ги Хрватите Петар Метличиќ и Мирза Џомба, моите соиграчи од репрезентацијата и еден дечко кој ја реши играта – Арпад Штербик“, вели Балиќ, па се сеќава на тој двомеч во кој Сиудад Реал го совлада ривалот со вкупни 62:47.

„Единственото нешто што го паметам од тој натпревар е ѕидот на голот на Сиудад Реал. Штербик беше неверојатен, ако ме прашувате мене, тој е еден од најдобрите, ако не и најдобриот голман на сите времиња. Во секој клучен натпревар за Сиудад Реал беше играч на натпреварот. И тоа го повтори многу пати во кариерата. Двата тима имаа одлични играчи, но тој беше оној кој ја направи разликата. Мислам, постигнавме само 19 гола дома против нив, откри Балиќ.

epa06482480 Spain’s goalkeeper Arpad Sterbik celebrates after winning the EHF European Men’s Handball Championship 2018 final match between Spain and Sweden in Zagreb, Croatia, 28 January 2018. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

„Не освојувањето на Лигата на шампионите не е нешто за што жалам. Се разбира, ќе беше убаво да ја освоев, но, да бидам искрен, денес размислувам само за тоа ако некој го спомне. Но, додека сè уште играв активно, тоа ми беше на ум. Особено во последните неколку години од мојата кариера, бидејќи знаев дека наскоро ќе заврши. Сега, кога ќе погледнам наназад, едноставно не требаше да биде“, заклучи Балиќ.

Арпад Штербик седум години настапуваше за репрезентацијата на Југославија, како и за Србија и Црна Гора, пред да добие шпанско државјанство и да почне да брани за „црвената фурија“. Тој во клупската кариера бранеше за Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона, Вардар, а кариерата ја завршил во Веспрем во 2020 година. Иако има унгарско потекло, никогаш не играл за Унгарија.