Екипата на Бостон се пласираше во НБА лигата, откако го совладаа Мајами со 100:96 и со 4-3 во победи, си закажаа борба за прстенот против Голден стејт.

Најзаслужни за овој голем успех на тимот се Џејсон Тејтум, Џејлен Браун и Маркус Смарт, а ова беше трето конференциско финале во последните шест години, но сега конечно стигна до последната фаза.

Сепак, најсреќен меѓу играчите на Селтикс беше Ал Хорфорд. Искусниот 35-годишен центар не само што е најстариот играч на Бостон, па како таков му останува најмалку време за следната можност, туку има и финансиски и историски причини за посебна радост.

Имено, Хорфорд досега беше рекордер во НБА лигата со најмногу одиграни натпревари во плејофот без да вкуси финале. Во своите 15 сезони забележаа 141 настап во плејофот, но дури сега конечно ќе го игра првото финале. Хорфорд сега му го препушти рекордот на Пол Милсап, кој одигра 130 натпревари во плејофот без ниту еден финален меч.

Хорфорд играше за Атланта девет години, три за Бостон, по една во Филаделфија и Оклахома, пред минатото лето да се врати во Селтикс. Минатата сезона во Тандерс беше негова прва во која не се пласираше во плејофот, а четири пати стигна до конференциското финале, еднаш со Хокс и три пати со Селтикс.

Финансиската причина за радоста на Хорфорд лежи во неговиот необичен договор. Многу играчи имаат бонуси врз основа на индивидуалните достигнувања и признанија, но Хорфорд ги врза со тимскиот успех. Тој има договор од 26,5 милиони долари за следната сезона, но само 14,5 долари му се загарантирани.

Со влегувањето во финалето тој активираше бонус кој ќе му гарантира уште пет милиони, а преостанатите седум ќе ги добие доколку Селтикси ги победат „воините“ и ја освојат титулата. Додуша, новинарите кои ја покриваат франшизата од Бостон тврдат дека клубот ќе му ги плати сите 26,5 милиони без разлика на исходот од финалето.