За нашата разделба зборуваа само нетокму луѓе, токму така би ги нарекла. Јас и Тадеј многу добро знаме која сум и чија сум, а од сега сум идна сопруга на мојот Тадеј најдобриот и најубавиот маж на светот.Запросувањето се случи во Германија пред десетина дена, кажав ДА на човекот кој што ме прави да се чувствувам посебна, вели одлично расположената Зорица за весникот ВЕЧЕР /vecer.press

Нашата позната поп пејачка Зорица Блажева или попозната по прекарот Зои Блаж (воедно позната и како шминкерка), после четири прекрасни години од својата љубовна врска со познатиот ракометар Словенецот Тадеј Матијашич, конечно официјално е побарана за сопругата. Така Зои на сите злобници им ги замати муабетите дека тие се поодамна разделени, а еве ова кажува дека не се дека се било лага од лошите луѓе. Напротив, вљубените галапчиња се сакаат како никогаш до сега.

– За нашата разделба зборуваа само нетокму луѓе, токму така би ги нарекла. Јас и Тадеј многу добро знаме која сум и чија сум, а од сега сум идна сопруга на мојот Тадеј најдобриот и најубавиот маж на светот, вели одлично расположената Зорица
Нивната љубов се родила во нашата Македонија додека Матијашич играше 7 години во ракометниот клуб “Металург“.

И останале нераздвојни, а како што поминуваа године љубовта им се зацврстувала и само цутела со премногу емоции, мир, спокој, позитивна енергија. Зои Блаж уште тогаш во едно наше интервју кажа дека е сигурна во тоа дека Тадеј ќе го сака за цел живот, а тоа очигледно се остварува на нивното обострано задоволство….

-Тадеј додека живееше во Скопје, без разлика на тоа што внимава на исхраната, најмногу ги сакаше тие македонските специјалитети:гравче-тавче, селско месо, ќебапчињата на ќумур, сарма, пинџур, крушевски зелник и секако неизбежниот ајвар…..   (Дуле Миќиќ) фото:ФБ                                                                                                                                                                                                                      (Целиот текст читајте го во печатеното викенд-издание на весникот ВЕЧЕР)