Започнете го денот со здрав оброк: Проја со блитва

850

Блитвата е зелест зеленчук и е многу слична со спанаќот. Таа спаѓа во групата на ниско-калорични намирници, богата е со магнезиум, железо и витамин Б и Ц и ви нуди 100 причини зошто да ја имате на вашата трпеза се почесто.

Ви предлагаме еден лесен и едноставен рецепт за проја со блитва, кој можете да го направите веќе за утрешниот појадок.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 4 лажици пченкарно брашно
  • 3 лажици бело брашно
  • 1/2 прашок за пециво
  • 50 мл масло за јадење
  • 100 гр кисела павлака
  • 50 мл кисела вода
  • сол

За филот:

  • еден врзоп блитва
  • 1 јајце
  • 1 лажица гриз

Подготовка:

Блитвата измијте ја, исчистете ги дршките и обарете ја. Потоа насецкајте ја ситно и додадете гриз и јајце. Малку посолете.

Изматете ги јајцата, додадете пченично о бело брашно со прашок за пециво. Потоа додадете масло ја кадење, кисела павлака, кисела вода, малку сол и добро изедначете ја смесата. Ставете ја во помала тава, која сте ја обложиле со хартија за печење.

Со мала лажичка ставајте ја блитвата во смесата на мала оддалеченост. Од горе ставете малку сусам. Печете на 220 степени околу 30 минути или додека не порумени.

Сечете ја оладена. На здравје и уживајте во вкусот!