Запознајте го „работ на светот“, геолошко чудо во карпестата пустина

132

Висорамнината Најд, е една од најистакнатите природни зданија на Саудиска Арабија, а на неа се наоѓа драматичната атракција “работ на светот”.

Станува збор за 300 метри високи карпи кои овозможуваат неверојатен поглед на камената пустина. Дел се од формацијата која, како природен ѕид, го заградува преминот Џабал Туваик.

https://www.instagram.com/p/CDTfUstp99g/?utm_source=ig_web_copy_link

Формацијата настанала како последица на поместувањето на арабската плоча, која е геолошки најстариот дел на Азија и една од главните литосферни плочи на планетата.

Карпите што се наоѓаат северозападно од Ријад, играле важна улога во историјата на Арабија, бидејќи по нивната должина поминувал древен трговски пат што водел во Левант и Персија.