Запленета дрога од 200.000 евра, пресечен меѓународен транспорт од Албанија за Грција

19

Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјална антитерористичка единица „Тигар“ и ОВР Прилеп вчера е пресечен меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога марихуана, од Албанија преку Северна Македонија со крајна дестинација за Грција, во вредност од околу 200.000 евра, соопштија од МВР.

– На патниот правец Прилеп-Битола од страна на сообрaќајна полиција запрено е патничко возило „пежо караван“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(31) од Скопје и при извршена контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола и возилото не било технички испрвно, а по извршениот преглед биле пронајдени две патни торби во кои имало девет големи пакувања марихуана, во вкупна количина од 50 килограми, информираат од МВР.

М.Ј. е приведен слобода, за настанот известен е јавен обвинител од ОЈО Прилеп и се преземаат мерки за утврдување на евентуална инволвираност и на други лица при транспортот на дрогата, по што од страна на ОВР Прилеп до надлежното ОЈО ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.