Западот треба да ја третира Русија како „земја на прогонство”

198

Западот треба да ја третира Русија како „земја на прогонство” по примерот на Северна Кореја или Иран, изјави Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност на САД.

Според него Владимир Путин и неговите послушници се „надвор од границите на прифатливото мнение”.

-Ајде да речеме тоа е вистинска победа, дека сите руски војници се преместени од суверената територија на Украина. Не гледам како Запад може да каже: “Добро, ајде да ја свртиме страницата и да се вратиме да правиме бизнис со Русија како и обично”. Не гледам како самата Русија може да го прифати тоа, изјави Болтон викендов за изданието Експрес Ју Ес.

-Мислам дека претстои да донесеме мошне сериозни одлуки, за тоа дали да го третираме Путин, неговиот режим и Русија како земја изгнаничка, без разлика каква е разрешницата во Украина, изјави тој.