Заострени мерки за собирање и селектирање отпад

189

Инспекторат на Град Скопје при вонреден инспекциски надзор го задолжи правниот субјект – рибен ресторан „Сидро “ во најкраток можен рок да постави садови за собирање на комуналниот отпад и селектирање на остатоците од храна.

– Веднаш е постапено и склучен е договор со овластена фирма. Секое непочитување на оваа одлука ќе следат соодветни санкции – информираат од Инспекторатот.