Челниците на италијанскиот калчолигаш Рома се убедени дека големиот талент, Николо Заниоло, не планира да ја промени клупската средина на крајот од актуелната сезона. Повремениот репрезентативец на Италија има договор со римската „волчица“ до 30. јуни 2024 година, но преговорите околу продолжувањето на соработката се во прекин затоа што двете страни не можат да најдат заеднички јазик околу годишната плата.