Големиот талент од редовите на италијанскиот калчолигаш Рома, Николо Заниоло, и понатаму важи за голема желба на раководните лица на големиот ривал од Серија А, тимот на Јувентус. Челниците на „старата дама“ веќе втора сезона по ред се обидуваат да ги осигураат услугите на младинскиот репрезентативец, но двата клуба не можат да постигнат договор околу обештетувањето. Италијанските медиуми открија дека „волчицата“ е подготвена да стави крај на соработката со Заниоло доколку официјалната понуда не биде помала од 60 мил. евра.