Замрзнат имотот на „Фолксваген“ во Русија

304
EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Рускиот суд го замрзна целиот имот на германската компанија Фолксваген во Русија.

Фолксваген и другите странски производители на автомобили престанаа да работат во Русија минатата година, бидејќи западните земји воведоа санкции кон Москва поради конфликтот во Украина.

Оттогаш, Фолксваген се обидува да го продаде имотот во Русија, вклучително и фабриката во Калуга, која има капацитет за производство од 225.000 возила годишно.

Руската компанија ГАЗ, која имаше договор со Фолксваген за производство на автомобили во фабрика во Нижни Новгород, побара да се спречи продажбата, бидејќи поднесе тужба против германската фирма за прекршување на договорот.

Обидот на Фолксваген да го напушти рускиот пазар ги загрозува интересите на ГАЗ, па руската компанија побара отштета од над 200 милиони долари.

Затоа судот одлучи да го замрзне имотот на Фолксваген додека не се реши спорот со ГАЗ, пренесува Ројтерс.