Здравата исхрана е предуслов за добро здравје, а за да му обезбедите на вашето тело многу минерали и витамини, треба да јадете што повеќе овошје и зеленчук.

Салатите можете да ги подготвите од свежо овошје или зеленчук, за да не ги загубат хранливите состојки. Поради богатството со витамини, минерали и растителни влакна, тие се одлични за метаболизмот, а идеални се и за исфрлање на токсините од организмот.

Ако сакате да им дадете на овошјето и зеленчукот дополнителна доза на хранлив комплетен оброк кој може да го замени и ручекот, слободно комбинирајте со состојки како месо, јајца или риба.

За да може организмот да го одработи својот дел од работата, додајте маслиново масло кое е богато со здрави омега 3 масни киселини, но не претерувајте со количината. Сепак тоа е богато со калории.

Избегнувајте ги готовите индустриски преливи бидејќи тие одржат скриени калории, адитиви, сол и шеќер.

Јогуртот може да ви послужи за бел сос, а зачинете го со свежи зачински билки, кои дополително ќе го забрзаат метаболизмот и ќе ви ја сочуваат линијата.

Ако сакате крцкава салата можете да додадете јаткасти плодови, како сецкани ореви, лешници, бадеми…