Заложничка драма во банка во Москва

107

Во филијала на „Алфа Банка““ во центарот на Москва непознато лице држи заложници, објавија локалните медиуми.

Според неофицијални извори, полицијата пристигнала на местото на инцидентот и во тек се преговори со напаѓачот.

Посетителот влегол во филијалата на трговската банка и почнал да се заканува дека ќе активира експлозив. Тој побарал вратите да бидат веднаш блокирани и присилно задржал неколкумина вработени, наведуваат руските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Според РИА Новости, напаѓачот држи шестмина заложници.

Целата област околу банката е моментно блокирана.