Заканите од Џамбаски не допреа до Пендаровски: Претседателот во Гевгелија правеше „селфи“ со граѓаните/ФОТО

5985

Претседателот Пендаровски се чини не се уплаши од заканите за атентат кои дојдоа од страна на бугарскиот европратеник Џамбаски.

Имено, шефот на државата денеска изврши посета на Гевгелија каде посети неколку организации и здруженија, а освен тоа и се прошета низ градот, се поздрави и се фотографираше со граѓаните.

„Пријатни средби со граѓаните на Гевгелија, кои имав можност да ги сретнам за време на мојата посета на градот“, напиша шефот на државата вечерва на социјалните мрежи.