Британскиот боксер Дилијан Вајт смета дека може да го победи својот сонародник Тајсон Фјури. Тој исткана дека ќе го нокаутира сонорадникот, но само доколку тој ја прифати борбата со него.

Но, Фјури сега чека да види дали Вајлдер ќе ја искористи клаузулата за реванш, а се шпекулира дека годинава можна е и борба со Ентони Џошуа. И покрај сето ова, Вајт верува да тој би требало да му биде следен предизвикувач на Фјури.

-Слушајте, тој треба сега да се бори со мене, без разлика на тоа што тој мисли. Јас го заслужувам тоа. Напорно работев за да ја добијам оваа борба, но продолжувам да се борам и да ја ризикувам својата позиција. Јас сум прв предизвикувач веќе подолго време, така што треба да се бори со мене, а не со некој друг, изјави Вајт  кој веќе обезбеди борба за шампионскиот појас најдоцна до февруари 2021 година.

Вајт истакна и дека Фјури ќе се бори против него само доколку мора.

-Веќе се обидов да договорам борба со Фјури за „дијамантскиот“ појас кога Вајлдер беше шампион. Дијамантски појас е попрестижен од појасот во ВБЦ. Фјури го побара тоа , ВБЦ ни го дозволи тоа, но потоа тој ја одби борбата, откри Вајт и додаде:

-Сите зборуваат дека тој сега го победил Вајлдер. Тоа ништо не му значи. Ова е бокс и тука се зависи од тактиката. Тајсон Фјури знае дека јас го имам тоа што е потребно за да го победам.