Заздравување на тироидата со соодветна исхрана

481

Отстранете ги кофеинот и шеќерот од исхраната и ќе се чувствувате подобро

Исхраната е една од клучните работи за здраво тело. Луѓето со хипотироидизам можат да ја контролираат својата состојба со внимателна и урамнотежена исхрана. Она што е важно е да бидете упорни и дисциплинирани. Основните работи што треба да ги знаете се дека треба да јадете храна што ја стимулира функцијата на тироидната жлезда, но и да избегнувате храна што влијае негативно на неа.

Балансирање на нивото на омега-3 и омега-6 масни киселини може да го намали воспалението и да ја одржи здравата невролошка функција на жлездата. Рибите како што се: лосос, скуша и сардина се едни од најдобрите извори на омега-3 масни киселини. Тие ја зголемуваат активноста на невротрансмитерите и поддржуваат здраво расположение и имунолошки систем. Извори на омега-6 масни киселини се присутни во масла од сончоглед и пченка.

Кокосовото масло е главниот дел од исхраната за хипотироидизам. Обезбедува масни киселини кои се борат против заморот. Кокосовото масло лесно се вари, го храни дигестивниот систем и има антимикробно, антиоксидантно и антибактериско својство кое го потиснува воспалението. Кокосовото масло помага во подобрување на имунитетот и може да ја зголеми функцијата на мозокот, издржливоста и расположението, истовремено стабилизирајќи го нивото на шеќер во крвта.

Морскиот зеленчук е природен извор на јод и со витамини и минерали. Такви се морските алги, кои се класифицирани како зелена, кафена или црвена алга. Келп, нори и дулс се најдобриот избор. Побарајте ги нивните суви сорти во продавниците за здрава храна и користете ги во супи. Постојат многу причини да го внесете морскиот зеленчук како дел од вашата исхрана: губење на тежината, контрола на целулитот, детоксикација и многу повеќе. Морскиот зеленчук може да го трансформира вашето здравје.

Пробиотиците се добри бактерии кои одржуваат рамнотежа на микроорганизмите во цревата, бидејќи микрофлората може да се наруши поради разни болести, стрес, земање антибиотици или некои други лекови. Иако нема препораки за тоа колку пробиотици треба да се внесат во организмот, сепак воведувањето на овие намирници е важно. Тука спаѓаат кефирот (ферментиран млечен производ) или органските јогурти од козјо млеко.

Храната со влакна е неопходна за здравјето на дигестивниот тракт. Луѓето со хипотироидизам може да имаат потешкотии во варењето на храната, затоа треба да јадат храна богата со растителни влакна секој ден.

 

Она што лошо влијае врз хипотироидната состојба се кафето и шеќерот. Отстранете ги кофеинот и шеќерот, вклучувајќи и рафинирани јаглехидрати, кои телото ги третира како шеќер. Лоши јаглехидрати се оние кои предизвикуваат пораст на шеќерот во крвта, како на пр. бел леб, бел ориз, компири. Добри јаглени хидрати се овошје и зеленчук, мешунки, како и цели зрна. Подготви: М.А.