Заеднички патроли против уништување на јавните добра во општина Карпош

38

Општина Карпош почнува со акција за организирање мешовити патроли во сите населби, кои ќе ги посетуваат пофреквентните места (детски игралишта, маалски паркови, спортски терени, платоа и училишни дворови) и ќе мапирааат различни облици на насилно однесување по населбите.

Како што соопшти Општина Карпош, во овие патроли, кои од утре  ќе се организираат два пати во неделата, ќе учествуваат претставници од Општина Карпош, СВР Скопје, Полициска станица – Карпош и претставници од родителските совети при основните училишта.

Основната цел, велат од Општината, е да се пресретне деструктивното однесување на некои посетитители, причините зошто свесно се уништува урбаната опрема, реквизитите и да се спречат овие девијантни појави во заедницата.

Мешовитите патроли биле договорени како теренска активност на последната седница на Локалниот совет за превенција.

Службите на локалната самоуправа досега, често пати констатираат свесно уништување на јавните добра, а со овие мешовити патроли ќе се делува на превенција и едукација на граѓаните кои ги посетитуваат и користат јавните површини.