Заедничка изложба на Давор Кешќец и Стефан Младеновски во МКЦ

46

Вечерва, со почеток од 20 часот во МКЦ (Галерија) ќе се отвори заедничка изложба на Давор Кешќец и Стефан Младеновски.

Кешќец и Младеновски се колеги што заедно имаат завршено средно уметничко (оддел графика) и се дипломирани графичари на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Членови се на ДЛУМ од 2020 година.

Ова е нивна прва заедничка изложба на која Давор ќе се претстави со серија дела под наслов „Blue moon“, а Стефан со неговите „Ликовни решенија“. На изложбата ќе може да се видат две сосема различни гледишта кон ликовната уметност.

Настанот ќе биде организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.