Заев: Франција не е против нас, очекувам одлука за преговори

69

Премиерот Зоран Заев останува оптимист за добивање позитивна одлука од Европскиот совет за датум за преговори и верува дека на 17 и 18 октомври ќе има конечен одговор.

– Останувам оптимист заради тоа што ги имаме сите аргументи на светот да добиеме позитивна одлука од Европскиот совет. Не сакам ни да размислувам дали ќе добиеме датум. Петаесет години чекавме, донесовме крупни одлуки, реформи, договорите се 100 отсто извршени, навистина сме пример за целиот регион. ЕУ не смее да си дозволи да го казни најдобриот на европскиот континенет затоа што тоа е важно за ЕУ, за регионот, за следно мотивирање на лидерите кои треба да наоѓат решенија и да ги реформираат своите општества. Мислам дека чекориме во вистински правец и дека со одлуките на ЕУ ќе се потврдат нашите очекувања, изјави Заев, одговорајќи на новинарски прашања по денешната конференција по повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата.

Коментирајќи ја синоќешната средба на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, Заев рече дека верува оти ќе има заеднички заклучок и оти ќе преовлада одговорноста од страна на Европската унија пред Европскиот совет да биде донесена долгоочекуваната одлука за почеток на преговори.

– Секако, се работи само за двајца лидери кои се од сите 28 земји членки. Утре почнуваат состаноците на Советот на министри и ќе ги знаеме поконкретно чекорите, но верувам дека на 17 и 18 ќе бидат донесени конкретните одлуки за нас, кажа премиерот.

За ставот на Франција, Заев вели дека Париз не е против нас, туку има многу легитимна намера да вгради нова методологија.