Заев со лидерите на земјите од НАТО на прием кај англиската кралица

122

Премиерот Зоран Заев вечера во Лондон, каде денеска и утре се одржува Самитот на НАТО, на кој се одбележуваат 70 години од Алијансата, заедно со лидерите на земјите-членки пристуваше на прием кај кралицата Елизабета во Бакингенмската палата.

Приемот се приредува за сите делегации, во чест на состанокот на лидери на НАТО.

-Нејзиното Височество Кралицата, Принцот од Велс, генералниот секретар на НАТО и претседатели на држави и Влади од земјите од НАТО, е напишано на Твитер налогот на кралското семејство и е објавена фотографија од Кралицата Елизабета и лидерите на земјите учеснички на Самитот.

Во друг твит на Твитерот налогот на кралското семејство, во кој се објавени фотографии од пристигнувањето на делегациите во Бакингеманската палата се наведува дека НАТО Алијансата ја сочинуваат 29 држави со Северна Македонија, која е во процес да стане 30 земја-членка.