Заев се извини за гестикулацијата во Прилеп

119

Ако некого сум повредил сакам да се извинам, рече денес премиерот Зоран Заев објаснувајќи што му значела гестикулацијата во Прилеп на средбата со граѓаните која се случи изминатиов викенд.

„Јас сум едноставен и во гестикулациите и во зборовите. Се извинувам ако некој е навреден. Сакав да покажам дека ќе има борба за нашата држава, за нашиот народ“, рече премиерот Заев нагласувајќи дека ќе се бори до крај.

Во саботата на трибина во Прилеп премиерот Заев од бина, зборувајќи за неговиот политички опонент Христијан Мицкоски, направи гестикулација со раката која јавноста ја оцени како недолична и навредлива.