Заев сведочи пред Мијалков: „Груевски бараше да му пуштам бомби“

138
Заев како сведок рече дека првпат слушнал дека во државата нелегално се прислушува во 2013 година од, како што рече професор доктор, Зоран Верушевски, непосредно по неговиот избор за претседател на партијата. Тогаш Верушевски бил претседател на партиската комисија за безбедност.

„Верушевски ме запозна со работата на комисијата. Еден сегмент беше нелегалното следење на комуникациите“, рече Заев. Тој појасни дека имале материјали во пишана форма и аудиоматеријали.

Заев, како шро објави Макфакс, кажа дека бомбите биле заклучени во простории на СДСМ,  со процедури и стандарди, а пристап имале само тој и Зоран Верушевски.

Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски кои ги предадоа материјалите, тогаш не ги познавал, и како што рече, немал информации дека преку нив одел преносот на бомбите, а дека тој бил следен и со посебни истражни мерки

„Ја потврдувам автентичноста на моите разговори и СМС пораки”, рече Заев, на прашање на обвинителот дали прислушуваните материјали се негови.

Заев, пренесува Макфакс, кажа дека четири пати се сретнал со тогашниот премиер Никола Груевски во неговиот кабинет до првата објава на бомбите на 9 февруари 2015 година и му раскажувал содржини од бомбите.

„Груевски се шегуваше на средбата дека тоа не е точно, дека не може да поседуваме такви материјали“, кажа Заев во сведочењето пред судот.

„Еден од тие разговори беше како тој тајно купува плац на Водно“, рече Заев за поранешниот премиер. Груевски барал и лично од Заев да ги чуе аудиоматеријалите, но Заев тоа не му го овозможил, туку само му ја раскажувал содржината.

Досега како сведоци во предметот беа сослушани инженерите во поранешното УБК, Ѓорѓи Лазаревски, Звонко Костовски, Сашо Трајковски и поранешниот разузнавач, Зоран Верушевски.