Заев: Расте бројот на заинтересирани за инвестирање во Северна Македонија

70

Словенечкиот министер за внатрешни работи Боштајн Поклука на средбата со премиерот Зоран Заев ги поздравил политиките за изнаоѓање решенија и реформи и изразил уверување дека нашата држава ќе ги заокружи НАТО интеграциите и ќе ги отвори пристапните преговори со Европската Унија.

– Преку Договорот од Преспа придонесовме за унапредување на билатералните односи со нашиот сосед Грција, но и за напредокот на целиот регион. Има позитивно влијание и на економски план, бидејќи порасна бројот на заинтересирани инвеститори за инвестирање во Северна Македонија. Веруваме дека ќе дадеме аргументи во периодот што претстои, за сите земји членки да го поддржат отпочнувањето на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ, рекол Заев