Два екстерни испита, а третиот да се трансформира во интерен испит, формирање на работна група меѓу Бирото за развој во образование во надлежнст на Министесртвото за образовани и наука и Сојузот на средношколци, која ќе одлучува за кратење на програмите за екстерни испити, како и матурата да започне една недела подоцна, односно наместо од 29 мај, како што беше предвидено, да започне од 5 јуни, се дел од решенијата за кои се согласни и Владата и Сојузот на средношколци.

Работната група ќе биде составена од претставници на Бирото и од Сојузот и наставници номинирани од Сојузот на средношколците. Со неа ќе претседава претставник од канцеларијата на претседателот на Владата, а целиот овој процес треба да заврши некаде до средина на март.

Премиерот Зоран Заев денеска во изјава за медиумите по средбата со претставници на Сојузот на средниошколци, рече дека низ дијалог е најдено квалитетно копромисно решение со кое се гарантира квалитет на матурскиот испит со кој се овозможува секој матурант да може да се запише на факултет овде во државата и надвор од неа.

– Потребно беше прилагодување на концептот на државната матура заради влијанието на пандемијата врз образованиот процес и врз основа на заедничката размена на аргументи и за нас е прифатливо се што е во нивна полза. Беше потребно да излеземе во пресрет и да го најдеме најдоброто можно решение, рече Заев, додавајќи дека нужно било државната матура да претпри измени.