Заев: Пописот ќе се спроведе во април догодина и точка

44

Нема да има ново одложување на пописот, тој ќе се спроведе во април 2021 година, дециден е премиерот Зоран Заев.

– Пописот ќе се спроведе 2021 година. И точка. Го одложивме во 2020 година за 2021 по барање на опозицијата уште пред да се појави ковид-19. Ние како држава спроведовме покомплексни, покомплицирани теренски активности, како што се изборите, пописот можеме да го спроведеме во април. Тој се работи според стандардите и раководството на Евростат. Него го спроведуваат институциите. Кај нас тоа е Државниот завод за статистика – потенцира премиерот Заев.

Тој нагласи дека пописот е предвиден во буџетот, што треба да значи и доекипирање.

Државниот завод за статистика набавува 5650 лаптоп компјутери за претстојниот попис во април 2021 година.