Политиканство е иницијативата на ВМРО ДПМНЕ, за предвремена ратификација на протоколот за НАТО, вели премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ќе ја прифати иницијативата на опозициската партија Премиерот праша каде биле ВМРО ДПМНЕ кога се бараше нив да ја поддржат власта кога се отвораше патот до НАТО.

  • Тие станаа од пратеничките клупи, и на нивните сопартијци им стоеа над глава кога се носеше одлука за измена на Уставот, рече Заев.

Не треба да брзаме, има протокол , и ќе ја почекаме Шпанија, додаде тој. Рече дека не е точна информацијата дека Црна Гора го искористила тоа право, како што информираше ВМРО ДПМНЕ, да не чека последна да го ратификува протоколот за влез во НАТО.

Инаку, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ достави иницијатива до Собранието, кое требаше да ја препрати до владата, а тие, пак, да поднесат закон. Се повикуваат на искуството од Црна Гора, која пред две години го ратификуваше протоколот цел месец пред тоа да го стори Шпанија и неколку дена пред ратификацијата од Холандија. Велат дека, целта им е да спречат, ратификацијата да биде причина за одложување на предвремените избори, закажани во април.