Заев подготвен за лидерска ако има услови за нејзино одржување

67

Во врска со можноста оваа недела да се одржи нова лидерска средба за Законот за ЈО, Заев истакна дека тој е подготвен за нов обид за усогласување на ставовите доколку се утврди дека тоа е потребно и оти има услови таа да се одржи.

– Земјите членки на ЕУ особено оние коио будно ги следат предметите на СЈО, како и неговата иднина  потврдуваат дека е добро што е гарантирана иднината на предметите. Важно е да се донесе закон за да можеме уште повеќе да ја гарантираме иднината на самите предмети. Подобро е да има загарантирана иднина на предметите сега отколку преку закон таа иднина да се дерогира, рече Заев и испрати порака до оние кои учествуваат во работните групи и од власта и од опозицијата да направат исчекор и да се донесе законот.