Заев очекува од Мицкоски и Касами да го поддржат Предлог законот за јавно обвинителство

86

Премиерот Зоран Заев очекува дека првите луѓе на опозициските ВМРО-ДПМНЕ  и БЕСА Христијан Мицкоски и Билал Касами ќе излезат со заеднички став од денешната средба што се одржуваше паралелно со неговата прес-конференција во Владата и оти ќе го поддржат новиот Предлог-закон за Јавно обвинителство.

-Веројатно ќе излезат со заеднички став дека е сега време да застанеме и да поддржиме нешто за кое и опозицијата се залага, вели Заев.

Заев на прес-конференција во Владата, појасни дека со законското решение се предлага Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во досегашното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кое ќе добие назив Јавно обвинителство за гонењ организиран криминал и висока корупција.