Заев од Хераклеа: На 15 јули излезете и гласајте за број 3, дајте поддршка за повисоки плати, за 600 милиони евра за македонското стопанство

53

И овде во Битола како и низ другите градови и општини дојдовме да побараме поддршка со аргументи на сите досегашни успеси во овие три години после на, но и за она што ќе го правиме во следниот мандат, им се обрати претседателот на СДСМ Зоран Заев на граѓаните на Битола на завршната трибина на караванот на СДСМ и Коалицијата „Можеме“.

-Бараме поддршка и од Битола и од цела држава, бараме поддршка за минимална плата од 20.000 денари, за просечна плата од 34.000, поддршка за сите пензии да растат согласно платите во државата. Бараме поддршка за 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, и 900 километри локални патишта. Бараме поддршка за 600 милиони евра финансиска поддршка за македонското стопанство, за 200 милиони евра годишно за субвенции и рурален развој и 100 отсто зелена нафта за земјоделството. Бараме поддршка за зголемување на платата во здравството за 10 отсто секоја година, порача Заев пред граѓаните.
Покажавме, додаде тој, дека знаеме и умееме и побара на 15 јули поддршка за бројот 3 за СДСМ и Коалицијата „Можеме“, за, како што рече, „на нашите деца да им оставиме повеќе отколку што нам ми оставиле нашите родители, за да покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро“.
-Покажавме дека сме кадарни, дека знаеме, покажавме љубов, целиот свет дојде да ни се поклони на мудроста и храбрите одлуки. Знаеме како да продолжиме заедно да работиме за татковината, рече Заев.
Упати порака да не се заборават 11-те години владеење, кои, како што рече се школо, од кое учиме.
-ВМРО ДПМНЕ ви одзеде 11 години од животот и сега како ве повикува да гласате за бројот 14? Ако од тој број им ги одземете назад 11-те години, тогаш излегува бројот 3. Само бројот 3 е сигурност, се друго е опасност за вас и за државата. Имаме право европски да живееме и нема да ја пропуштиме таа шанса. И ако уште не сте одлучиле, изборот е лесен, под бројот 3 имате уште две тројки, моите иницијали ЗЗ, па лесно ќе препознаете, рече Заев од предизборната трибина во Хераклеја, Битола.