Дома МАКЕДОНИЈА Заев : Нова Влада нема да има ни во април, ни во...

Заев : Нова Влада нема да има ни во април, ни во мај, ни во јуни

205

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоки на денешната седница за пратенички прашања го потсети премиерот Зоран Заев на изјавата на министерот Димитров пред неколку години дека „влада во заминување не треба да поставува амбасадори“ и оти не треба како земја да се доведеме во состојба да треба да се отповикува или да го враќа дома.

Различни се принципите и дека чесно е да се каже. Инаку нова влада нема да има ни в април ни во мај ни во јуни. Што побрзо го сфатите тоа ќе биде подобро за вас -одговори на тоа Заев.